Европската унија со палецот горе за Activision Blizzard

Објавено на 16.05.2023 во Игри



Европската унија со палецот горе за Activision Blizzard

Регулаторите на Европската унија ја одобруваат најголемата аквизиција на гејмерскиот пазар досега. Преземањето на Activision Blizzard од страна на Microsoft тежи речиси 69 милијарди долари. Тоа е голем чекор за Microsoft, но не и последен, затоа што им претстои борба со регулатори на бројни пазари како што се британскиот, американскиот и други.

Со образложение на одлуките, од Европската комисија посебно го нагласуваат фактот што Microsoft ќе ја лиценцира играта Call of Duty на Activision до конкурентните платформи за стриминг: „Во суштина значително се подобрени условите за cloud streaming во споредба со актуелната ситуација, поради што ги сметаме за про-конкурентни“, коментира извршната потпретседателка на Европската комисија, Маргрет Вестагер.