HTC U23 Pro официјално излегува утре со моќни перформанси

Објавено на 17.05.2023 во Новости



HTC U23 Pro официјално излегува утре со моќни перформанси

HTC во четврток ќе ја претстави "U" серијата на телефони, која претходно ја претстави во 2020 година - HTC U20 5G. Објавените неофицијални слики со новиот HTC U23 Pro откриваат дека телефонот ќе биде опремен со Snapdragon 7 Gen 1 процесор, кој што го прави телефонот да биде нешто повеќе од средна класа отколку предводник. 

Другите спецификации на U23 Pro ќе бидат 8GB RAM меморија и 128GB ROM меморија. Батеријата ќе биде со капацитет од 4600mAh и Android 13 прединсталиран оперативен систем. HTC U23 Pro ќе биде со главен сензор од 108MP и пристигнува во две бои: светло кафеава и бела боја. 

Автор: Aleksandar Stankov