Rimac Nevera официјално собори дури 23 рекорди
Објавено на 18.05.2023 во Електричен погон

Rimac Group јавно објави дека Nevera поставила 23 рекорди, која што постигнала неверојатна брзина од 0 до 400 километри на час, со 22 рекорди на забрзување и кочење, кои независно ги потврдиле претставниците од компаниите за мерење на перформанси на возилата, Dewesoft и RaceLogic.
Rimac Nevera извршила низа тестирања на тестната стаза Automotive Testing Papenburg во Германија и уште еднаш ги демонстрираше сите свои можности. Општо сметан за ултимативен тест со перформанси на ултимативен хипер автомобил, рекордото од 0-400-0 км/ч е тест на забрзување, аеродинамика, најголема брзина и моќ на запирање. Nevera ги помести границите со новото рекордно време од 29,93 секунди, за секунда побрзо од претходниот носител на рекордот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.