OpenAI лансира официјална ChatGPT апликација за iOS, Siri не реагира

Објавено на 19.05.2023 во iOs



OpenAI лансира официјална ChatGPT апликација за iOS, Siri не реагира

ChatGPT оди на мобилните телефони на Apple, OpenAI официјално лансираше апликација за iOS мобилни телефони, која што ќе им овозможи на корисниците да пристапат кон популарниот AI chatbot. Новата ChatGPT апликација ќе биде бесплатна за користење и без реклами.

iOS апликацијата овозможува гласовни команди, тврди компанијата и најпрво ќе стане достапна за американските корисници. Исто како и десктоп верзијата, ChatGPT апликацијата им овозможува на корисниците интеракција со AI chatbot за поставување на прашања, да добијат совети, да најдат инспирација, да научат, да пребаруваат и многу повеќе.

Со огед на тоа што сопствениот гласовен асистент на Apple - Siri, поради недостаток на прогрес во AI сегментот, со новото лансирање на ChatGPT на iPhone, корисниците добиваат мобилен асистент со многу напредни опции и можности.