HTC U23 Pro официјално е со 6.7-инчен OLED дисплеј, 108MP задна камера и 3.5мм џек за слушалки

Објавено на 19.05.2023 во Android



HTC U23 Pro официјално е со 6.7-инчен OLED дисплеј, 108MP задна камера и 3.5мм џек за слушалки

Тајванскиот производител на телефони HTC, го претстави официјално HTC U23 Pro. Ова е првата U-серија на смартфони лансирана од HTC уште од U20 5G во 2020 година. Телефонот е опремен со Gorilla Glass Victus стакло, 6.7-инчен OLED дисплеј со FHD+ резолуција (1080 x 2400) и 120Hz.

HTC под хауба вградил Snapdragon 7 Gen 1 процесор, а го има во две верзии со две мемории: 8GB RAM + 256GB ROM и 12GB RAM + 256GB ROM. Главниот сензор на камерата изнесува 108MP, со ултра-широк сензор од 8MP, 5MP макро камера и 2MP длабочински сензор. Предната камера е со дупка на екранот со 32MP.

Батеријата има капацитет од 4600mAh со 30W поолнење или 15W безжично полнење. Поддржува и реверзибилно полнење. Моделот со 8GB RAM е $550 или 12GB - $585. HTC U23 Pro започнува со достава од 5 јуни, а за преднарачки е достапен уште од сега.