Moto Razr 40 Ultra ќе биде со друго име во САД, позната е и цената

Објавено на 22.05.2023 во Преклопни уреди



Moto Razr 40 Ultra ќе биде со друго име во САД, позната е и цената

Еден од најинтересните серии во преклопната технологија во моментот е Motorola Razr. Moto Razr 40 и Razr 40 Ultra се најновите модели што пристигнуваат следниот месец. Ликстерот Иван Блес објави нови промотивни материјали на Twitter, со кратко видео.

Moto Razr 40 Ultra можеме да го видиме со сите вклучени апликации, со можност за приказ на екранот со мала тастатура. Како за пример, главната продажна точка на моделот од висока класа е неговиот мал дисплеј кога е преклопен, кој ќе биде најголем досега, што е една од најдобрите нешта кај Moto Razr 40.

Друг детал од Иван Блес е фактот што премиум верзијата на Moto Razr 40 ќе биде со друго име во САД, т.е. ќе биде именуван како Moto Razr +, додека глобално ќе биде познат под името Moto Razr 40 Ultra. Moto Razr 40 ќе биде првиот ценовно прифатлив уред од својот вид, додека Moto Razr 40 Ultra се очекува да чини околу 1000 долари за време на лансирањето. Двата уреда се очекуваат официјално да бидат објавени на 1 јуни.

Автор: Aleksandar Stankov