Canon наводно нишани кон мобилните производители во потрага по партнер

Објавено на 22.05.2023 во Новости



Canon наводно нишани кон мобилните производители во потрага по партнер

Сите големи мобилни брендови имаат партнерство со моќни брендови од областа на фотографијата, со цел да го подобрат искуството на сликите на телефоните што ги произведуваат. Неколку примери што ни се познати се Xiaomi и Leica, OnePlus/Oppo и Hasselblad, Zeiss и Nokia/Vivo

Сега и Canon сака да се приклучи во светот на мобилните камери. Информацијата не е официјална, туку доаѓа од познатиот ликстер Digital Chat Station, кој објавува информации на кинеската социјална мрежа Weibo. Тој тврди дека Canon наводно бара некој бренд од пазарот на смартфони за тимска игра. Се уште нема никој на нишан, затоа што е се уште во потрага.