Google Fi Wireless објави редизајн на апликацијата и ребрендирање

Објавено на 23.05.2023 во Новости



Google Fi Wireless објави редизајн на апликацијата и ребрендирање

Google Fi Wireless е новото име на Google Fi после ребрендирањето од минатиот месец и надградена е мобилната апликација со редизајн. Промените се за кориснциите полесно да ја менаџираат нивната фамилијарна Fi претплата. Новата апликација нуди неколку нови можности, вклучувајќи ја опцијата за проверка на потрошениот интернет сообраќај кај секој член од семејството.

Со оваа апликација може да се воспоставаат интернет лимити и да се додадат нови луѓе во планот. Редизајнот се однесува на новите фамилијарни алатки, односно воспоставување на контрола од страна на родителите, со цел да се заштитат малолетниците што се додаваат во планот.