Netflix сега и официјално го забранува споделувањето на лозинки
Објавено на 25.05.2023 во Новости

Долго време се најавуваше, сега тоа и го направија. Netflix откриваат дека нивните мерки против споделување на лозинки ќе влијае врз гледачите на САД и колку корисниците ќе ги чини дополнителните корисници на својот профил.
Претплатниците на Netflix во САД, кои што споделуваат услуги надвор од своето домаќинство, ќе добијат e-mail со известување за новата политика против споделување на лозинки. Инаку, секое ново додавање на човек во профилот чини 8 долари и за оние што имаат Standard пакет и за оние со Premium пакет. Новата вест важи и за Велика Британија, каде што за секој дополнителен корисник на Netflix ќе се наплаќа по 4,99 фунти месечно.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.