PayPal овозможува родителска контрола преку Venmo профил за тинејџери
Објавено на 25.05.2023 во Новости
PayPal неодамна го најави лансирањето на новиот Venmo Teen Account, наменет за тинејџери од 13 до 17 години. Тинејџерите може да креираат свои профили поврзани со нивните родители - Venmo профили со надгледување од родителите.
Новата функција им овозможува на тинејџерите да испраќаат и примаат пари преку апликацијата Venmo, со зголемена контрола околу финансиите на нивните деца. Родителите може да ги контролираат потрошувачките навики на нивните деца и да ги научи на одговорност за трошењето на буџетот со воспоставување на лимити и да ја следат историјата на трансакциите.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.