iPhone 15 Pro Max ќе биде со надграден распоред на камерата

Објавено на 27.05.2023 во Туториали



iPhone 15 Pro Max ќе биде со надграден распоред на камерата

iPhone 15 Pro Max ќе биде со телефото камера во стилот на перископски сензор, со цел да го зголеми зумирањето од 3x на 5-6x. Apple ќе го промени распоредот на камерите, со цел да обезбеди простор за новите леќи.

Леќите за зумирање се користат за предметите што се далеку. Телефото камерата, како онаа што ја има кај iPhone 14 Pro Max, применува повеќе елементи на објективот, распоредени по заедничка оска. Мора да има прецизно растојание меѓу предните и задните елементи. 

Со цел да се зголеми капацитетот на зумирање, тоа растојание мора да се зголеми, но постои лимит на сето тоа, затоа што смартфоните се ограничени со простор. Ако го зголемите тоа растојание меѓу леќите за подобрување на зумот, ќе добиете големи леќи што излегуваат надвор од телефоните и естетски не изгледа убаво, па затоа корисниците не ги сакаат.

Сепак, распоредот може да се промени, а перископските леќи заземаат повеќе хоризонтален простор. Затоа Apple ќе ги промени местата на камерите кај iPhone 15 Pro Max, тврди ликстерот Unknownz21, кој го објавил тоа на Twitter. Позициите што ќе се разменуваат ќе бидат оние на ултра-широкиот сензор и телефото сензорот.