Сакате ли да добиете Samsung Galaxy S22 за само 123 денари!? - Внимавајте на ова!

Објавено на 27.05.2023 во Туториали



Сакате ли да добиете Samsung Galaxy S22 за само 123 денари!? - Внимавајте на ова!

Измамниците на интернет повторно ги напаѓаат наивните луѓе, што не разликуваат што е измама, а што вистина. Ние како технолошки портал сме должни да ве едуцираме и да ги откриваме ваквите очајни обиди за кражба на пари од луѓето, што може да резултира и со празнење на вашата сметка.

Да, 123 денари не се многу средства и нема никого сиромашен да остане од нив, но со овој обид за извлекување на малку средства може да биде опасен за вашите лични податоци и уште поголема кражба.

Овој пат измамата доаѓа од Mobile Discount, фан страна на Facebook за „Убавина, козметика и лична нега“, со само 54 следбеници. Тоа во прилог може да го погледнете и на сликите што се земени како скриншот од истата страница. 

Наводно, телефонот е со гаранција и купен е од „ТехноМаркет“, што се разбира не е вистина. Погледнете слики во прилог и не се изложувајте на ризик.