Apple има совет за оние што се жалат од брзото трошење на батеријата на iPhone

Објавено на 29.05.2023 во iOs



Apple има совет за оние што се жалат од брзото трошење на батеријата на iPhone

После новата iOS 16.5 надградба, iPhone корисниците се жалат за брзото трошење на батеријата. Twitter корисникот со @Ismascarade прекар тврди дека "iOS 16.5 е смртоносен за батеријата“. Има и многу други жалби.

После надградбата, самиот Apple напиша дека ќе треба да се почекаат неколку дена додека сите апликации и цела содржина на телефонот да се оптимизира со промените од надградбата. Тие велат, барем 48 часа треба да се почекаат, додека во позадина да се скенираат сите ваши фотографии со новите алгоритми и додека да се рекалибрира батеријата. Сето ова ја цеди батеријата и треба време додека да се оптимизира трајноста на батеријата.