Nothing потврдува три години надградба на Phone (2), исто како и за Nothing Phone (1)

Објавено на 02.06.2023 во Android



Nothing потврдува три години надградба на Phone (2), исто како и за Nothing Phone (1)

Nothing компанијата на Карл Пеј досега го претстави само Nothing Phone (1) кој доживеа успех како почетник. Сега компанијата потврдува дека следниот модел Nothing Phone (2) ќе има поддршка за софтверска надградба на Android оперативниот систем во период од три години и четири години безбедносна надградба.

Ова е ист период на софтверска надградба исто како што имаше Nothing Phone (1) во понудата за своите корисници. Официјалната најава е објавена на Twitter. Според постот на Twitter, Nothing Phone (2) ќе биде втората генерација на уред на компанијата, со помалку јаглерод во изработката во споредба со неговиот претходник.