Италија воведува строги правила за електричните тротинети

Објавено на 23.06.2023 во Новости



Италија воведува строги правила за електричните тротинети

Електричните тротинети станаа дел од градскиот превоз, а некаде и меѓуградски сообраќај. Луѓето се повеќе ги купуваат електричните тротинети за да заштедат на гориво и да избегнат метежи, па така законодавците мора да воведат строги правила за нивната употреба.

Париз веќе сака и да ги забрани, а Италија спрема предлог закон за електричните тротинети, кои што мора да бидат регистрирани со сопствена табла, а нивните сопственици ќе мора да плаќаат осигурување за користење на возила на јавни патишта. Во превод, електричните тротинети се ставаат во иста категорија како автомобилите.