Лесно се влегува на Threads, а тешко се излегува
Објавено на 08.07.2023 во Новости
Напуштањето на Threads би можело да биде проблем за многумина што биле љубопитни само да видат каква е апликацијата. Во Meta се потрудиле да олеснат што е можно повеќе за приклучување во Threads, а истовремено го комплицирале заминувањето.
Поради поврзаноста на Instagram и Threads профилите, нема да можете да го избришете само едниот профил. На пример, ако сакате да го избришете профилот на Threads, ќе останете и без профил на Instagram. Повеќето сигурни сме дека нема да го прифатат тоа. Овозможено е само деактивација на профилот на Threads, со задржување на Instagram профилот, но сите податоци и објави на корисниците ќе си останат на серверите на Meta.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.