Илон Маск после посетата на Кина за вештачката интелигенција: „Дефинитивно се заинтересирани“

Објавено на 14.07.2023 во Новости



Илон Маск после посетата на Кина за вештачката интелигенција: „Дефинитивно се заинтересирани“

Американскиот бизнисмен Илон Маск смета дека Кина е заинтересирана за кооперативна меѓународна рамка за вештачка интелигенција, од разговорот што го водел кога ја посетил Кина пред неколку недели. Маск го изјавил тоа на Twitter Space настанот. 

Кина дефинитивно е заинтересирана за работа во кооперативна меѓународна рамка за регулација на вештачката интелигенција, вели Маск. Тој се залага за прописи и надзор на вештачката интелигенција, и после неколку средби со официјални лица во Кина, Маск вели дека кинеската влада ќе настојува да иницира регулација на вештачката интелигенција во Кина. 

Автор: Aleksandar Stankov