Apple е во фаза на развој на сопствен "Apple GPT" !?

Објавено на 21.07.2023 во iOs



Apple е во фаза на развој на сопствен "Apple GPT" !?

Apple е во фаза на развој на вештачка интелигенција што ќе биде конкуренција на Chat GPT, се наведува во извештајот објавен во средата. Вработените на Apple го нарекуваат проектот "Apple GPT", затоа што работат на платформа што е слична со Chat GPT.

Најпознатиот систем за машинско учење на Apple останува неговиот дигитален асистент Siri на iPhone телефоните. Новиот проект на Apple користи свој AI темел, наречен Ajax, пишува Bloomberg. Самиот Ajax работи на Google Cloud и изработен е од Google JAX, рамка на машинското учење што е создадена за забрзување на истражувањето. Регулацијата е нешто што е потребно во овој простор, вели извршниот директор на Apple, Тим Кук, минатиот месец за "Good Morning America".