Oppo Find N3 ќе биде најбрзо-полнечкиот преклопен смартфон досега
Објавено на 03.08.2023 во Преклопни уреди
Преклопните смартфони се повеќе земаат замав на пазарот, а Oppo се очекува да го лансира новиот модел Find N3, при крајот на оваа година. Според MySmartPrice, телефонот се појавил со 3C сертификат на интернет во Кина, со поддршка за полнење од 100W.
Ова ќе го направи Oppo Find N3 најбрзо-полнечкиот преклопен смартфон досега. Полначот ќе биде со USB-C - USB-A.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.