Huawei ќе претстави во иднина асиметричен преклопен смартфон

Објавено на 28.08.2023 во Преклопни уреди



Huawei ќе претстави во иднина асиметричен преклопен смартфон

Преклопните смартфони стануваат се повеќе популарни. Huawei во моментот е во фаза на развој на нешто поинакво, односно преклопен смартфон со асиметрични димензии. Блогерот Jerrold_tech објави на Weibo (via Android Headlines) слики со патентирани дизајни за идниот преклопен смартфон на Huawei.

Сликите откриваат иновативен тип на преклопен смартфон со асиметрични половини, каде што левата страна е повисока од десната страна. Во споредба со сите други преклопни смартфони што се достапни онлајн. овој патент открива дизајн што двете половини имаат различни големини кога телефонот е расклопен. 

Автор: Aleksandar Stankov