Неодоливо изненадување: Xiaomi паметна камера C300

Објавено на 01.02.2024 во Новости



Неодоливо изненадување: Xiaomi паметна камера C300

Искористете ја неверојатната понуда на Xiaomi денес! Во периодот од 1.2. дo 14.02.2024 со
купување на уред од серијата Redmi Note 13, можете да добиете уште еден фантастичен уред!


Добијте Xiaomi паметна камера C300
Со купување на телефоните Redmi Note 13 Pro, Redmi Note 13 Pro 5G, Redmi Note 13 Pro+ 5G или Redmi Note 13 добивате и Xiaomi паметна камера C300. Оваа камера е идеално решение кое гарантира неспоредлив надзор. Со неа, можете да го снимите секој детал со 2K ultra-clear HD резолуција, обезбедувајќи кристално јасни слики дури и при услови на слаба осветленост, а
опремена е и со напредна AI детекција на луѓе.
Покрај тоа, можете да уживате во беспрекорно гледање со технологијата за енкодирање видео
H.265, заштедувајќи 50% од просторот за складирање. Со три опции за складирање, вклучувајќи локална Micro SD картичка, NAS уреди и Cloud, Вашите податоци ќе бидат безбедно зачувани. 

Исто така, сертификатот BSI Kitemark™ гарантира безбедност на податоците.
Серијата Redmi Note 13 нуди единствени и подобрени перформанси
Дизајнирана да ги задоволи различните фотографски потреби, серијата Redmi Note 13 има
сестран, надограден систем на камери.

Про моделите– Redmi Note 13 Pro+ 5G, Redmi Note 13 Pro 5G и Redmi Note 13 Pro – имаат 200 MP камера со висока резолуција со оптичка стабилизација на сликата (OIS), додека за Redmi Note 13 резервирана е камера од 108MP.
Новата серија на телефони се карактеризира со добри перформанси имајќи ги предвид чипсетите кои ги имаат овие модели, како и долготрајната батерија, која им овозможува на корисниците да уживаат во своите уреди во текот на денот.

Во исто време, серијата Redmi Note 13 има модерен, елегантен дизајн со исклучително тенки рабови.
Покрај добрите камери, овие модели доаѓаат во пакување со брз полнач. Сите имаат батерија од 5000mAH, освен Redmi Note 13 Pro 5G – 5100mAH. Зa Redmi Note 13 Pro+ 5G резервирано e 120W HyperCharge полнење со помош на кое за 19 минути ќе ја наполните батеријата 100%. 1 Redmi Note 13 Pro и Redmi Note 13 Pro 5G имаат брзо полнење од 67W, a Redmi Note 13 од 33W.


Понудата важи во продавниците на Xiaomi, како и кај овластените партнери. Повеќе информации на линкот: https://mkd.xiaomiserbia.com/redmi-note-13/