Новата Galaxy S24 серија го воодушевува светот со функциите со вештачката интелигенција

Објавено на 07.02.2024 во Новости



Новата Galaxy S24 серија го воодушевува светот со функциите со вештачката интелигенција

Паметните телефони од новата серија Galaxy S24 одекнаа во светот како иновативни
уреди кои максимално ја олеснуваат комуникацијата од многу аспекти благодарение пред
се на новите функции со вештачка интелигенција. Galaxy AI* системот за вештачка
интелигенција кај новите Galaxy S24 Ultra , Galaxy S24+ и Galaxy S24 беспрекорно се
прилагодува на потребите на корисниците и не само што ги подобрува основните функции
на телефонот, туку и отвора нови хоризонти во комуникацијата и креативноста.

Повеќе нема јазични бариери за остварување на комуникација со соговорник. Со
функцијата Помош за транскрипција (Interpreter), која може да ја користите дури и без
интернет, се овозможува разговорот со соговорникот до вас веднаш да биде преведен и
прикажан на поделен екран на кој транскрипцијата ја читате и двајцата во реално време.
Тука е и функцијата Помош за разговор (Chat Assist) која може да ја усоврши пишаната
комуникација да звучи љубезно или зависно од намерата, може да биде и кратка фраза.
Функцијата Помош за белешки (Note Assist) овозможува креирање на резимеа
форматирање на минути. Овие алатки ја прават секојдневната работа поефикасна и
заштедуваат драгоцено време.

Но, она што можеби највеќе ги восхити верните корисници на Samsung и глобалната
публика е новиот извонреден начин на пребарување. Функцијата Заоружи за
пребарување (Circle to search) им овозможува на корисниците брзо да најдат
информации за било што што гледаат на екранот, без разлика дали е тоа објект на слика,
личност во видео, предмети во портрет и слично, и тоа со едноставно притискање и
држење на копчето за почеток и гестови на екранот (заокружување). Овој новитет,
овозможен од најпознатиот Google пребарувач, претставува пионерски чекор во
интуитивното пребарување, отворајќи ја вратата за нови димензии на истражување и
поврзување со дигиталниот свет.

Embed video: https://www.youtube.com/watch?v=JGieL587JQg

Совршено фотографско искуство со серијата Galaxy S24
Функциите на системот на камери кај уредите Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ и Galaxy S24
ги остваруваат соништата за фотографии и снимки доведени скоро до совршенство.
Иновативната технологија за вештачка интелигенција им овозможува на корисниците да
користат генеративно уредување (Generative Edit) за да ги трансформираат и подобрат
своите фотографии, да создаваат совршени композиции, па дури и да ги пополнат
рабовите на заоблените слики. Ова носи сосема нова димензија на креативност и
персонализација.

Galaxy S24 и S24+ доаѓаат со селфи камера од 12 MP и тројна задна камера што ја
сочинуваат широкоаголна камера од 50 MP со 2х зум со оптички квалитет, ултраширока
камера од 12 MP и камера од 10 MP со 3x оптички зум. Со режимот на портрет со и
зум ќе можете да снимате динамични крупни кадри. Новата функција ProVisual engine,
која ја користи моќта на AI зумирањето, ги подобрува деталите и боите за чисти и
живописни слики со висока резолуција, дури и на растојанија за дигитален зум.

Како што беше и очкувано, Galaxy S24 Ultra повторно со новитети ги плени сите љубители
на фотографијата. Со воведување на новиот систем Quad Tele со нова оптика се
овозможува до стократно дигитално зумирање што резултира со исклучително јасни
снимки од која било далечина. Функцијата Nightography го носи ноќното фотографирање
на следното ниво, со поголема густина на пиксели и пошироки агли на оптичкиот стабилизатор на слика (OIS) што го намалува заматувањето и го подобрува квалитетот на
сликата во услови на слаба осветленост.

Врвни перформанси кои одговараат на сите ваши потреби и стил
Galaxy S24 Ultra се напојува со мобилната платформа Snapdragon® 8 Gen 3 for Galaxy, која
заедно со подобрените стапки на освежување од 1-120 Hz и напредниот систем за
ладење обезбедува супериорни перформанси и ефикасност. Така, серијата Galaxy S24 е
идеална за мобилни игри, снимање и уредување видео со високи перформанси и
мултитаскинг.

Во исто време, Galaxy S24 Ultra може да се пофали со најсветлиот екран во историјата на
серијата Galaxy, кој достигнува осветленост до 2600 nits. Оваа исклучителна осветленост
заедно со функцијата Vision Booster обезбедува одлична видливост во сите светлосни
услови. Corning® Gorilla® Armor стаклото дополнително го штити екранот од гребнатини
и рефлексии, обезбедувајќи непречено и пријатно доживување при гледањето.

Дизајнот Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra овојпат доаѓа во уште
пософистицирана форма и величина на екранот кај Galaxy S24 со голема од 6,2 инчи, кај
Galaxy S24+ со 6,7 инчи, додека кај Galaxy S24 Ultra со 6,8 инчи. Сите три модели имаат
оценка IP68 за отпорност од вода и прашина и се зајакната со Armor Aluminium рамка,
додека Galaxy S24 Ultra поседува и цврста заштита од титаниум вградена во рамката и
поголема отпорност од гребнатини на екранот со Corning® Gorilla® Armor. Боите во кои
можете да ги имате овие уреди се внимателно избрани да бидат единствени - кобалт
виолетова, килибирана жолта, оникс црна и мермерно сива за Galaxy S24 и Galaxy S24+, додека пак Galaxy S24 Ultra доаѓа во титаниум сива, титаниум црна, титаниум виолетова и
титаниум жолта боја.

*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.
Повеќе за новите модели од серијата Galaxy S24 прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/