Безбедната Messenger Kids апликација сега и за Android

Објавено на 15.02.2018 во Android



Безбедната Messenger Kids апликација сега и за Android

Модифицираната апликација на Facebook Messenger Kids која е специјало создадена за безбедна комуникација меѓу малолетници сега е достапна и за мобилната платформа Android. 

Messenger Kids е наменета за деца меѓу 6 и 12 години со тоа што родителите ќе имаат поголема контрола врз содржината на пораките, нема опција за криење на разговорот, ниту пак можност за онлајн парични трансакции, како и детски емотикони и стикери.

За да се користи Messenger Kids апликацијата потребна е верификација од родителот. Апликацијата е достапна за преземање од Play Store за Android, а претходно веќе беше лансирана за iPhone. 





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}