HTC целосно и се посвети на виртуелната реалност на MWC 2018

Објавено на 27.02.2018 во Новости



HTC целосно и се посвети на виртуелната реалност на MWC 2018

HTC на годинешниот Светски мобилен конгрес во Барселона речиси и да не се познава дека е компанија за мобилни телефони кои веќе подолг период не се во нивниот главен фокус. Сосема различна е сликата кога е во прашање нивната понуда на уредите за виртуелна реалност од Vive серијата.

Голем дел од промотивните активности на HTC се поврзани директни со очилата за виртуелна реалност HTC Vive кои се главна атракција за посетителите на MWC 2018, од „висење“ на врв на облакодер, па се до играње на виртуелен фудбал кој носи големо количество на забава.

Во меѓувреме HTC посвети само мал дел за своите понови смартфони HTC U11 и HTC U11 Plus кои не доаѓаат премногу до израз. Тоа е и јасен сигнал дека тајванската компанија своите ресурси целосно ги насочува кон уредите за виртуелна реалност каде има најдобри резултати. 

HTC Vive е доста скапа играчка со многу занимливи и возбудливи содржини, од игри во виртуелни презентации кои корисникот го пренесуваат во сосема различен свет и се премногу уверливи речиси бришејќи ја разликата меѓу нашата и виртуелната реалност.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}