Google Assistant ќе биде достапен на 30 јазици

Објавено на 28.02.2018 во Новости



Google Assistant ќе биде достапен на 30 јазици

Google Assistant како главна апликација на гигантот Google во која се содржани сите придобивки на вештачката интелигенција до крајот на вториот квартал од годинава ќе биде достапна на вкупно 30 светски јазици со што многумина ќе може да ги активираат гласовните команди на својот мајчин јазик наместо да користат само англиски.

Според информациите кои ги добивме на MWC 2018 предвидено е со Google Assistant на глобално ниво да биде активирана опцијата Routine mode со која корисниците ќе може преку една гласовна команда да применат цел сет на активации во домот. На пример преку ден кога корисникот е на работа од било кое место може да ги контролира смарт светилките и останатите паметни уреди за домаќинство. 

Исто така со Routine mode навечер корисникот ќе може преку една команда да ги изгасне сите сијалици и да го вклучи телевизорот за да се релаксира или пак да активира било која функција која нему му е потребна.

Директно од MWC 2018

Х.С.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}