Google интензивно работи на Fuchsia на сметка на Android

Објавено на 02.03.2018 во Android



Google интензивно работи на Fuchsia на сметка на Android

Google сака да лансира друг оперативен систем во иднина, со кој ќе го уништи Android. Android во иднина нема да работи на начинот на кој денес го користиме. Новиот проект на Google се вика Fuchsia, кој сака да овозможи беспрекорно искуство на сите категории на уреди, смартфони, таблети и компјутери. 

Уште не е познато кога Fuchsia ќе се реализира. Засега знаеме дека ќе го среди проблемот со фрагментацијата на Android. Google na MWC во Барселона го претстави производот што во голема мера потсетува на Fuchsia, што потврдува дека Google навистина работи на целосно ново корисничко искуство. Производот се вика Flutter достапен е на flutter.io. Тој им дозволува на кодерите да креираат апликации што ќе функционираат на iPhone и Android уреди и тоа многу побрзо од сегашните. 

Со Flutter девелоперите ќе може побрзо да ги адаптираат апликациите за Android софтвери, веднаш откако ќе бидат лансирани за iOS, како што беше случајот досега, па така нема да бидат фрустрирани Android корисниците. Google вели дека со Flutter девелоперите нема да мора да прават компромис за квалитетот или перформансите и дека ќе создаваат апликации побрзо од било кога претходно.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}