Apple купи компанија за дигитални магазини

Објавено на 13.03.2018 во Новости



Apple купи компанија за дигитални магазини

Apple направи нова аквизиција со преземањето на компанијата Texture специјализирана за креирање на дигитални магазини со статии и вести од популарни интернационални медиумски куќи, но засега не ги открива финансиските детали од договорот.

Apple има околу 200 милијарди долари во кеш кои не знае на што попрво да ги потроши и вообичаено доста тешко носи одлуки кога е во прашање преземање на нови компании, а последната голема аквизиција беше кога за речиси 3 милијарди долари ја купија Beats на продуцентите Др.Дре и Џими Ајвин.

Со преземањето на Texture од Condé Nast, Hearst Magazines, Meredith Corp, News Corp и Rogers Media, Apple сака да креира сопствена содржина на вести во специјализираните магазини за своите корисници, па така договорите со издавачите ќе се менуваат и додаваат нови што секако е возбудлива информација за сите кои имаат iPhone или iPad бидејќи на располагање ќе добијат доста богат избор на квалитетни статии од реномирани интернационални медиумски брендови.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}