LG G7 ќе биде нешто поскап од својот претходник

Објавено на 13.03.2018 во Новости



LG G7 ќе биде нешто поскап од својот претходник

LG Mobile планира нешто подоцна да го лансира својот следен премиум смартфон кој трпеливо го развива со сосема нов концепт без непотребно брзање. Сепак, новите информации кои пристигнаа откриваат дека поради иновативните технологии постои голема шанса LG G7 да биде нешто поскап од својот претходник.

LG G7 најверојатно ќе чини за околу 80 евра повеќе во однос на LG G6 смартфонот за основниот мемориски модел, а главните измени ќе ги има во паметната двојна камера со Q Think технологија со вештачка интелигенција. 

Исто така LG G7 ќе работи со супер моќниот осум-јадрен Snapdragon 845 процесор, а ќе има и големи промени во дизајнот, па така треба да пристигне дури на почетокот на ова лето.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}