Instagram подготвува хронолошки тајмлајн

Објавено на 13.03.2018 во Новости



Instagram подготвува хронолошки тајмлајн

Instagram врши бета тестирање на нова опција со која корисниците ќе може да користат тајмлајн со хронолошки распоред на сите објавени постови на профилите кои вие ги следите од вашите пријатели и контакти. 

Всушност хронолошкиот тајмлајн и претходно функционираше, но откако Facebook ја презеде Instagram апликацијата внесе нов тајмлајн со различен алгоритам кој е селективен и е полесен за пласирање на спонзорирани објави.

Враќањето на хронолошкиот пристап засега е достапен за мал број на корисници на Instagram и е во бета фаза, а ако се официјализира може да биде опционален во иднина.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}