Можно е Apple да презентира два нови iPad модели
Објавено на 15.03.2018 во Новости

Познато е дека Apple добил дозвола од Евроазиската Економска Комисија за продажба на два нови iPad таблет-компјутери - серијата A1893 и серијата A1954. Се уште ништо не е познато за овие технолошки уреди, се знае само дека имаат iOS 11 софтвер.
Се претпоставува дека Apple би можел да ги лансира овие уреди од сега, па до септември. Уште нема коментари од технолошките експерти, но се очекува минатогодишниот 9,7 инчен Apple iPad да доби наследник во 2018 година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.