Android воведува HEIF технологија за намалување на сликите
Објавено на 17.03.2018 во Android

Најновата Android верзија двојно ќе ја намалува „тежината“ на фотографиите во споредба со обичниот JPEG формат. Лошата вест е што нема да може да се употребува со секој Android смартфон. Зошто? Поради хардверските и патентните ограничувања.
Новата технологија High Efficiency Image Format (HEIF) треба производителот да ја плати дебело поради нејзиниот врвен софтвер и лиценците за одредени патенти. Значи, се зависи кои од производителите ќе платат. Инаку, iOS 11 претходно ја доби оваа функција, а сега и Google го направи истото. Голема предност е тоа што фотографиите ќе заземаат многу помал простор и ќе се ослободува повеќе меморија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.