Huawei го претстави новиот модел P20 lite на македонскиот пазар со FullView дисплеј 2.0

Објавено на 22.03.2018 во Новости



Huawei го претстави новиот модел P20 lite на македонскиот пазар со FullView дисплеј 2.0

Huawei го претстави новиот HUAWEI P20 lite, комбинирајќи „high-end“ дизајн со исклучителни перформанси и напредни функции. Паметниот телефон доаѓа со најновиот EMUI 8.0 интерфејс, втора генерација FullView 2.0 дисплеј технологија и двојна јадро камера со сопствени алгоритми за природна убавина.

Воодушевувачки изглед со елегантен, минималистички дизајн

Дизајниран за динамични и активни корисници, HUAWEI P20 lite има 5.84 инчен FHD + екран (со резолуција 2280x1080 пиксели). Неговиот сооднос од 19:9 и втората генерација на FullView Display 2.0 технологија создаваат извонредно визуелно доживување. Овој фантастичен екран нуди пикселна густина од 432 пиксели на инч и контрастно сооднос 1500: 1, благодарение на што се репродуцираат на него бои кои се исклучително богати и живописни. Ова достигнување е дополнето со технологијата за оптимизација на бои, која ја подобрува нивната сатурација и му дава потребен реализам. Деталите и реализмот се карактеристична особина и на целокупната слика на екранот на HUAWEI P20 lite, бидејќи 2D графичкиот процесор доловува и пренесува на најдобар можен начин и најситните детали околу контурата на секој објект во фокус. Сликите што ќе ги направите со P20 lite ќе бидат совршено снимени и совршено изведени на екранот.

Моделот доаѓа на македонскиот пазар во три свежи бои- Klein Blue (посебно текстурирано сино куќиште со фин отсјај), Sakura Pink и Midnight Black, и со извиткан панел од калено 2.5D стакло со заоблени агли и паралелни орбити на двата долгнавести краја. Целосниот дизајн носи софистицирана и свежа елеганција, додека се карактеризира со удобен фат, без разлика дали го користите за игри, гледање видео или сурфање.

Камерата со двојна леќа е распоредена вертикално во горниот лев агол, додека логото на Huawei е позиционирано во долниот лев агол. Овој дизајн на грбот има лесен референс како кај традиционалните компактни фотоапарати додавајќи една пријатна нота на носталгија на еден исклучително модерен уред.

Инспиративна фотографија

За новата генерација фотољубители, HUAWEI P20 lite нуди 16 мегапикселна предна селфи камера и 16 мегапикселна + 2 мегапикселна двојна основна камерата. Камерите на смартфонот можат да снимаат најфини детали и се чувствителни на промените на светлината и боите што помага да ја доловат убавината во секој момент. Благодарение на професионалниот боке објектив и алгоритмите за природна убавина, задната двојна камера на HUAWEI P20 lite ви овозможува да снимите прекрасни портрети со студиски квалитет.

Со мапирање на 96 точки за препознавање на лицето, предната камера на HUAWEI P20 lite е доволно интелигентна да го направи совршениот кадар. Снимањето со дигитални фотоапарати при услови на слаба светлина често води до нискоквалитетни слики со зрнест ефект и лоша репродукција на боите. За да го избегне ова, HUAWEI P20 lite користи технологија за ребаланс на светлината, која ја интегрира светлината од различни извори за да ја оптимизира осветленоста на сликата и да го подобри односот сигнал / шум (SNR) со 300%.

Новиот модел доаѓа и со нов интелигентен фото асистент, кој нуди голем број на корисни и забавни функции. Со негова помош може да користите гестови за да фотографирате, да менувате позадината на сликите и да додадете AR ефекти. Целокупното искуство со камерата на P20 lite инспирира и ја разгорува вашата имагинација правејќи ја уште позабавана комуникацијата со пријателите.

Ефикасен, моќен и интуитивен

HUAWEI P20 lite пристигнува со најновиот интерфејс EMUI 8.0 кој ја искористува интеграцијата меѓу софтверот и хардверот оптимизирајќи го централниот процесор за моќна изведба, полесна употреба од страна на корисниците и интелигентно интеракција меѓу човекот и машината. EMUI 8.0, исто така, ги истражува навиките на потрошувачите и моделите на користење, предвидувајќи специфични потреби и обезбедување подобри мобилни перформанси. Покрај тоа, новиот модел поддржува напреднат мултитаскинг, овозможувајќи истовремено со други функции да користите лебдечка навигација истовремено правејќи брз скриншот со помош на три прста, интелигентна поделба на екранот (split screen), HUAWEI Private Space 2.0, како и асистент за игри.

HUAWEI P20 lite одржува 9V2A високоволтно брзо полнење со оптимална безбедност, со што се намалува времето за полнење за 30%, во комбинација со 15 слоеви одбранбен систем. Уредот е опремен со 4GB + 64GB меморија, давајќи на корисниците слобода да играат игри, слушаат музика или гледаат видеа, без да размислуваат за меморијата и ограничувањата кои одат со неа.

Започнете со продажбата

Хит Моделот од претстојната нова водечка серија P20 ќе биде достапна на македонскиот пазар до крајот на март во малопродажната мрежа на двата мобилни оператори Македонски Телеком и ВИП, и во продажните места на Нептун и Сетек и ќе биде достапен во 3 бои - Klein Blue, Sakura Pink и Midnight Black.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}