Видео: Цукерберг повторно ги најде лажните вести во Македонија

Објавено на 22.03.2018 во Новости



Видео: Цукерберг повторно ги најде лажните вести во Македонија

Извршниот директор и сопственик на Facebook, Марк Цукерберг во извинувачко интервју за CNN во кое требаше да даде објаснување и да се „испере“ за скандалот со злоупотребата на податоци на 50 милиони корисници од Cambridge Ananlytica, повторно ја посочи Македонија како земја од каде меѓу другите најмногу се шират лажни вести.

Цукерберг се извинуваше за однесувањето на Cambridge Ananlytica кои работеле на кампањата на сега американскиот претседател Доналд Трамп со тоа што вршеле анализа на метадата на корисниците за нивните изборни навики и политички ставови и склоности.

Цукерберг, изјави дека лани пуштиле нови алатки за вештачка интелигенција, за да откријат лажни профили што се обидуваат да шират лажни вести, и дека пронашле голем број такви профили од Македонија.

„Во 2017 година, за време на изборите за Сенатот во Алабама, пуштивме нови алатки што ги направивме за да откриеме лажни профили кои се обидуваа да шират лажни вести и пронајдовме многу различни профили од Македонија. Треба напорно да работиме за да им отежнеме на земји како Русија да се мешаат во избори и да направиме тролови и други луѓе да не можат да шират лажни вести“ – вели Цукерберг.

Ова е прво појавување на Цукерберг во медиумите откако беше откриен скандалот со Cambridge Ananlytica.Цукерберг потенцираше дека Facebook прави напори за да запре мешањето во среднорочните избори во 2018 година. Facebook загуби околу 37 милијарди долари по скандалот со протекување лични податоци на повеќе од 50 милиони корисници. 

 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}