Хакирање авиони среде лет е новата опасна закана

Објавено на 23.03.2018 во Новости



Хакирање авиони среде лет е новата опасна закана

Сајбер војувањето и се поголема зависност од технологија ќе создаде многу ранлива инфраструктура идеална за напади од сајбер терористи или од непријателски влади. Ако веќе на листата се наоѓаат електрични централи, индустриски комплекси, водоводни мрежи, автомобили и смарт уреди за домаќинство се поставува прашањето кога ќе се развијат соодветни алатки за сајбер напади врз комерцијални летови на авиони?

Плановите на авиоиндустријата водат кон тоа најпрво да се намали бројот на пилоти во авионите на една личност, а за неколку години, повеќе воопшто да нема никаква потреба за пилот, туку технологијата да биде таа која сама ќе управува со леталата.

„Авионот би можел да лета и без пилоти. Се работи на тоа за пренесување на товарот во авионот да управува само еден пилот, а следен чекор е дефинитивно авион на кому нема да му биде потребен пилот“- вели  воздухопловниот експерт Дејвид Глив за британските медиуми.

Идејата е секако намалување на трошоците, но и факторите на „човечка грешка“, а веќе и денеска голем дел од тие работи во авионот ги извршува технологијата.

„Во овој момент такво нешто е неизводливо. Дури и кога хакер на било кој начин би влегол во телефонскиот систем на авионот, тој не е поврзан со уредите за летање, така што не постои страв од хакирање“- вели Глив.

Дали тоа ќе биде реалност во иднина, кога авионите ќе станат автономни, тешко е да се каже сега но, ќе биде во предвид при креирање на безбедносните протоколи и заштита на беспилотните летала наменети за патници.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}