Samsung го откри Galaxy J7 Prime 2 со Exynos 7

Објавено на 23.03.2018 во Новости



Samsung го откри Galaxy J7 Prime 2 со Exynos 7

Samsung Mobile откри нов смартфон од средната класа наменет за купувачите со помал буџет. Станува збор за новиот модел Galaxy J7 Prime 2 чиј главни адути ќе бидат новиот процесор од Exynos 7 генерацијата, како и подобрените камери.

Galaxy J7 Prime 2 ќе работи со осум-јадрен Exynos 7870 процесор со Cortex-A53 технологија, има 3 GB RAM, 32 GB основна меморија, располага со две 13 мегапикселни камери на предната и задната страна со пошироки леќи од f/1.9 и одлична батерија со капацитет од 3300 mAh.

Новиот Samsung Galaxy J7 Prime 2 доаѓа со 5,5 инчен дисплеј со Full HD резолуција, а на селектирани пазари ќе чини околу 200 евра.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}