Брендот Palm оди по истите стапки како BlackBerry и Nokiа
Објавено на 30.03.2018 во Новости

После 3 години кинеската компанија TCL го откупи правото на користење на брендот Palm од HP, производител за уреди што се држат во дланка и смартфони како што е Treo, кој беше многу популарен пред iPhone да направи пресврт на пазарот.
Името Palm се уште буди силни емоции и носталгија, затоа од новата компанија сакаат да го вратат во игра. TCL во иднина сака да го направи со Palm она што се случи со BlackBerry и Nokiа. Се уште немаме информации за новиот ретро модел, само знаеме дека ќе биде со Android.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.