Кои компании престанаа да се рекламираат на Facebook после скандалот

Објавено на 30.03.2018 во Новости



Кои компании престанаа да се рекламираат на Facebook после скандалот

Месецов Facebook е во центарот на вниманието поради скандалот со корисничките лични податоци. Откриено е дека податоците на 50 милиони корисници паднале во рацете на Cambridge Analytica, која ги злоупотребила во американската претседателска кампања за Доналд Трамп во 2016 година.

Тоа ги поттикна најмоќните компании да ги избришаат своите профили и да го напуштат Facebook. Кампањата #DeleteFacebook (избришете го Facebook) очигледно зема замав, а некои од гигантите што се повлекоа од Facebook се Pep Boys, Playboy, Sonos, Tesla и SpaceX, Mozilla, Commerzbank и втората најголема германска банка. И покрај извинувањето на Марк Цукерберг, очигледно медиумскиот оган за Facebook не згаснува.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}