Nokia 9 ќе има тројна камера со 41 мегапиксели, 8 GB рам и 256 GB простор?

Објавено на 04.04.2018 во Новости



Nokia 9 ќе има тројна камера со 41 мегапиксели, 8 GB рам и 256 GB простор?

Минатата година бевме сведоци на враќањето на своевремено најголемиот производител на мобилни телефони во светот, Nokia, со неколку смартфони од најниската до највисоката класа. Сепак, купувачите чекаат на вистински модел од високата класа, кој нема само да ги следи конкурентите (како што прави Nokia 8), туку ќе поставува и нови стандарди, нешто што се очекува од бренд како Nokia.

Тоа скоро сигурно ќе се случи годинава. Имено, според многу „внатрешни“ информации од брендот, односно мајката компанија HMD Global, тие во текот на 2018 ќе го лансираат моделот Nokia 9, кој ќе биде вистинско чудовиште, особено во делот на камерата. Имено, назад ќе има три камери, од кои едната ќе има голем сензор со 41 мегапиксели и леќа со f/1.5 бленда, втората црно-бел сензор со 20 мегапиксели, а третата леќа со повеќе зум и сензор од 9,7 мегапиксели. Предната камера пак ќе има 21 мегапиксел.

Ако ова ви е познато, тоа е така дека целиот камера модул ќе биде многу сличен на оној во Huawei P20 Pro. Разликата тука ќе биде во оптиката – кај Huawei таа е Leica, додека кај Nokia Ќе биде очекувано Carl Zeiss. Ќе биде интересно да се види како камерите на Nokia ќе се справат со оние на P20 Pro, но и на другите конкуренти во високата класа, како Galaxy S9 и iPhone X. Голема предност на 9-ката сепак може да биде во снимањето видео – овој модел ќе биде опремен со 5 микрофони, кои ќе овозможат „сараунд“ звук при видео, што може да се покаже како особено интересно кај купувачите.

Останатите спецификации исто така ќе бидат врвни – очекувано е Nokia 9 да има Snapdragon 845 процесор, помогнат од 8 GB рам меморија и 256 GB простор, додека дисплејот ќе има големина од 6,01 инчи и веќе стандардниот 18:9 размер на дисплејот, со многу мала рамка околу него. Батеријата се очекува да има 3.900 mAh, што е одлична вест, а телефонот ќе поддржува и Qualcomm QuickCharge 4.0 брзо полнење.

Засега нема точна информација кога ќе може да ја видиме финалната верзија на овој смартфон на пазарот, но тоа скоро сигурно ќе се случи во првата половина на оваа година. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}