Што не прави толку ранливи во ширењето на лажни вести

Објавено на 16.04.2018 во Туторијали



Што не прави толку ранливи во ширењето на лажни вести

Фотографиите со присутните за време на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп, јасно покажуваат дека на свеченоста имало помалку луѓе во споредба со неговиот претходник Барак Обама. Сепак, кога портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, утврдил дека Трамп собрал „најмногу луѓе во историјата на инаугурацијата и точка“, многумина му поверуваа.

Тоа е само еден пример што се прераскажува во различни верзии. Социјалните мрежи како Facebook и Twitter овозможуваат многу лесно да се прошират лажните вести кај луѓето. Двајца американски психолози развиле теорија со која ја објаснуваат спремноста за да се поверува на лажни вести и активно да се споделува. Според нив, во случајот со инаугурацијата на Трамп, за луѓето најважна била припадноста кон Републиканската партија, отколку точноста на информациите.

Дури ниту високо-квалитетен извор на вести не е толку важен, ако мислиме дека и припаѓа на група што е поинаква од нашата. Факт е дека племенската припадност имала пресудна важност во човечката еволуција. Затоа поединците повеќе го вреднуваат својот идентитет во општествените групи, како што е членството во партија, отколку да ја ценат точноста или искреноста. Тука лежи зајакот во човечката потреба за оптествено признание.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}