Том го продаде MySpace за 580 милиони долари, каков е сега неговиот живот

Дали се прашувате што сега прави ко-основачот на MySpace, кој ја продаде компанијата за 580 милиони долари од 2005 година? Том Андерсон го работи тоа што секој од нас би го правел кога ќе добие пари - патува и тоа многу. Ако судите по фотографиите што ги објавува, тој ужива во тоа што се повлекол од работата.
Го нарекуваа MySpace Tom, а тој одлучи после работата со мрежата да се посвети на својата голема страст кон фотографијата. Сега патува низ светот и во потрага е по убави кадри за фотографирање.
Без разлика дали се наоѓа во Хонг Конг, го истражува древниот град Баган во Мјанмар, ја надгледува поларната светлост во Исланд или стои во сенките на планината Оах на Хаваите. На неговите прекрасни фотографии може да им се восхитувате на Instagram профилот на овој линк.