Шведска прва со електрични патишта за напојување на возила
Објавено на 17.04.2018 во Новости

Шведска е првата држава во светот што изгради 2 километарски пат за електрично напојување на возилата додека возат. Предноста на овие патишта е што не мора да застануваат возилата за да се напојуваат. Тоа го прават со едноставно спуштање на наменска прачка, врз специјално изработена шина, од која се напојува.
Електричните патишта имаат за цел да ги отстранат автомобилите со погон на гориво до 70% до 2030 година. Проектот има поддршка од државата, кој има за намера да се прошири низ цела држава. Погледнете на видеото одозгора како функционираат електричните патишта.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.