Xiaomi Mi 6X ќе биде достапен во 5 бои и ќе има двојна камера од 20 мегапиксели

Објавено на 17.04.2018 во Новости



Xiaomi Mi 6X ќе биде достапен во 5 бои и ќе има двојна камера од 20 мегапиксели

Xiaomi наскоро ќе го претстави својот натпреварувач во средната класа, кој како и претходната година, ќе се нуди во верзија со MIUI скин врз Android Oreo, како и верзија со чист Android Oreo, каков што го има замислено Google. Верзијата со MIUI ќе биде наречена Mi 6X и ќе доаѓа во 5 бои, а ќе има и солидни спецификации.

Тоа солидни значи дека процесорот ќе биде Snapdragon 626, што е делумно подобрување во однос на претходникот, кој има 625-ка. Претходно имаше најави дека процесорот ќе биде Snapdragon 630, но тоа најверојатно нема да се оствари. Од друга страна, скоро сигурни сме дека процесорот ќе биде помогнат од 4 GB рам меморија и 64 GB простор, со слот за micro SD картичка. 

Камерите назад пак ќе имаат 20 мегапиксели и би требало да понудат квалитет кој досега не сме го виделе во смартфони од оваа класа. Единствено разочарување, барем вака „на хартија“ е батеријата, која ќе има капацитет од само 2.910 mAh.

Телефонот инаку ќе има 5,99 инчен дисплеј со 18:9 сооднос и мала рамка, што е веќе стандард кај смартфоните од оваа класа. Задниот дел пак неодоливо наликува на оној на iPhone X поради вертикално поставените камери, но за разлика од смартфонот на Apple, Mi 6X ќе се нуди во 5 различни бои: Cherry Pink (розова), Flame Red (црвена), Sand Gold (златна), Glacier Blue (сина) и Black (црна). Тука дефинитивно ќе бидат задоволени вкусовите на сите купувачи.

Xiaomi Mi 6X ќе биде претставен во Кина наредната недела, заедно со Mi A2, телефон кој ќе биде подеднаков хардверски, но ќе има чиста верзија на Android Oreo 8.1.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}