Huawei собра 15 милиони долари од продажбата на P20 и P20 Pro во првите 10 секунди

Објавено на 17.04.2018 во Новости



Huawei собра 15 милиони долари од продажбата на P20 и P20 Pro во првите 10 секунди

Слободно можеме да кажеме дека најголемото изненадување на мобилната сцена оваа година беше Huawei P20 Pro, смартфон кој по нашите први тестирања се покажа дека има најдобра камера од сите смартфони во високата класа, вклучувајќи го и новиот Galaxy S9+. 

И купувачите, особено оние во Кина, научија за квалитетите на овој телефон и благодарение на тоа, во само првите 10 секунди од почетокот на продажбата во Кина, Huawei заработи преку 15 милиони долари на P20 и P20 Pro. И ова важи само за онлајн продажбата – бројките од продадените смартфони во продавниците се уште не се изнесени.

Според ова, можеме да бидеме сигурни дека P20 серијата на Huawei нема да биде само успешна, туку и значително ќе ги надмине своите претходници P9 и P10. Ако продолжи вака, Huawei лесно ќе стигне до преку 200 милиони продадени смартфони оваа година, надминувајќи го Apple на второто место на најпродавани брендови.

Huawei е инаку исклучително успешен и на европскиот и македонскиот пазар, но се уште има проблем да се пробие на американскиот, бидејќи е спречен од тамошните власти. Како и да е, тие нудат исклучително квалитетни смартфони со висока технологија и само прашање на време е кога ќе почнат да му конкурираат и на Samsung на првото место.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}