И Honor 10 ќе има засек во дисплејот

Објавено на 17.04.2018 во Новости



И Honor 10 ќе има засек во дисплејот

Huawei неодамна ги лансираше импресивните P20 и P20 Pro, кои покрај извонредните камери и одлична изработка, имаат засек во горниот дел на дисплејот, на незадоволство на голем број на купувачи. Сега, засекот во горниот дел најверојатно ќе се пресели и во Honor „подбрендот“ на Huawei, односно во нивниот нов модел Honor 10.

Honor 10 инаку ќе биде смартфон од високата класа, кој многу од спецификациите ќе ги дели со обичната P20-ка. Ова значи дека ќе има Kirin 970 процесор со 4 или 6 GB рам и 64 или 128 GB простор, зависно од изведбата, односно 5,7 инчен дисплеј со Full HD+ резолуција. Како и кај P20-ката и Honor 10 Ќе има засек во горниот дел и читач за отпечатоци во долниот дел на дисплејот. 

Задниот дел на телефонот пак ќе биде изработен од стакло, со хоризонтално поставена камера, по што Honor 10 ќе се разликува од своите браќа од Huawei. Под задното стакло се крие батерија од 3.320 mAh, која ќе биде помала од онаа во најдобрите смартфони на Huawei, P20 Pro и Mate 10 Pro, каде има капацитет од 4.000 mAh.

Honor 10 ќе биде најевтин модел во понудата во високата класа на Huawei и иако цените не се најавени, очекувано е да чини околу 600 евра, што ќе го направи многу интересен за македонските купувачи. Официјалната промоција на Honor 10 треба да се случи на 15 Мај.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}