Samsung го финализира дизајнот на S10, сепак нема да има засек?

Објавено на 17.04.2018 во Новости



Samsung го финализира дизајнот на S10, сепак нема да има засек?

Вчера ни пристигна информација според која Samsung исто така ќе вгради засек во предниот дел на екраните на наследниците на S9 и S9+, што го дочекавме скептично, бидејќи корејскиот гигант е веќе пионер во модерниот дизајн кај паметните телефони и не би имал особена причина да го копира Apple.

Според нови информации, тие веќе одлучиле за дизајнот на Galaxy S10 и според нив, телефоните кои ќе бидат претставени на почетокот од наредната година нема да имаат засек во дисплејот. Воедно, рамката ќе биде исклучително минимална и во долниот и во горниот дел, што во живо би можело да делува импресивно. Двата телефони инаку ќе имаат малку поголеми дисплеј во дијагонала, за 0,03 и 0,08 инчи, но надворешните димензии ќе бидат исти бидејќи и рамката околу екраните ќе биде намалена.

Се уште нема информација за тоа каде ќе биде сместена предната камера, но скоро со сигурност се знае дека Galaxy S10 телефоните ќе имаат читач за отпечатоци вграден во самиот дисплеј, како и 3D технологија за отклучување само со помош на лицето, слична на онаа кај iPhone X. Оваа технологија тие ќе ја развиваат заедно со Mantis Vision, компанија за развој на 3D визија и Woodgate, компанија која развива камери.

Иако според нас Galaxy S10 телефоните скоро сигурно нема да имаат засек во дисплејот, бидејќи тоа не е начинот на кој Samsung ги дизајнира своите телефони, другите информации би ви препорачале да ги примите со задршка, бидејќи се уште е прерано – Galaxy S9 и S9+ само што беа претставени. Како и да е, во меѓувреме сигурно ќе добиеме информации за Galaxy Note 9, кој би можел да донесе интересни промени во гамата на Samsung.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}