Galaxy S10 ќе има кодно име “Beyond” и ќе биде револуција во однос на S9

Објавено на 03.05.2018 во Новости



Galaxy S10 ќе има кодно име “Beyond” и ќе биде револуција во однос на S9

Иако Galaxy S10 телефоните ќе бидат претставени наредната година, тоа не нѐ спречува да зборуваме за нив, особено што според сите најави, ќе бидат огромен скок во однос на актуелните S9 и S9 Plus.

Всушност, годинава Samsung лансираше смартфони со скоро подеднаков дизајн на нивните претходници и поради тоа, продажбата на смартфони на брендот благо падна. Затоа, новите модели ќе треба да донесат поголеми подобрувања, особено што сега конкуренцијата од Apple, но и кинеските Huawei и Xiaomi е многу пожестока.

Кодното име на новите S10-ки е “Beyond”, кое најавува дека ова ќе бидат смартфони кои ќе ја поместат границата во високата класа. Според најавите, тие скоро сигурно ќе имаат читач за отпечатоци вграден во дисплејот, 3D предна камера како кај iPhone X за препознавање на лицето, како и за emoji со изменета реалност, но и нов дисплеј без рамка ни во долниот ни во горниот дел.

Поради сите големи промени кои доаѓаат во Galaxy S10 и S10 Plus, Samsung двата телефони ќе ги претстави најверојатно покасно, односно во месец Април наредната година, за разлика од актуелните модели, кои беа претставени порано, со цел да го намалат ударот од iPhone X.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}