Позната цената на Nokia X6

Објавено на 14.05.2018 во Новости



Позната цената на Nokia X6

HMD Global и натаму успева да одржува голем интерес за своите нео-носталгични Nokia смартфони со Android оперативен систем, па така големо внимание привлекува и претстојниот модел Nokia X6 за кого веќе е откриена цената, барем на азискиот пазар.

Според најновите информации Nokia X6 ќе чини околу 200 долари што е сосема пристојна цена за поголема група на купувачи, но на европскиот пазар најверојатно ќе биде за нијанса поскап.

Nokia X6 ќе понуди Full дисплеј со размер од 18:9, ќе работи со квалитетен осум-јадрен Snapdragon 636 процесор, 4 GB RAM, 64 GB вградена меморија, ќе има дуо-камери, Android 8.0 Oreo оперативен систем и батерија со капацитет од 3000 mAh.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}