Google ќе лансира домашен аудио систем со Android?

Објавено на 11.02.2012 во Android



Google ќе лансира домашен аудио систем со Android?

 

Веста што малку може сите да не изненади е покрај тоа што Google планира ваков чекор, исто така, се вели и дека харвдерот може да биде нивно производство.

Интересно е тоа што Google никогаш досега не произвел било каков уред без парнерство - HTC Nexus One, Samsung Nexus S, Galaxy Nexus, или Motorola XOOM.

Идејата зад ваков проект е тоа да биде домашен, не само аудио, туку општо забавен систем (Android@Home). Системот ќе го придвижува некоја варијанта на Android OS, а една од поинтересните опции е тоа што корисниците ќе можат да „стримуваат музика“ директно од телефонот на системот, преку бежичната мрежа.

Исто така, голема е веројатноста дека ваков систем би ги спојувал повеќе Google сервиси во едно – како Google Music, Android и Google TV.

Пишете ни што мислите вие за вакво нешто.

Автор: Aleksandar Stankov