Претставен новиот Motorola Moto 1S

Објавено на 17.05.2018 во Новости



Претставен новиот Motorola Moto 1S

Motorola го претстави новиот смартфон Motorola Moto 1S кој во суштина ги има истите хардверски компоненти како и неодамна презентираниот модел Moto G6, но се разликува најмногу во софтверот со новиот ZUI кориснички интерфејс базиран на Android 8.0 Oreo оперативниот систем.

Motorola Moto 1S доаѓа со 5.7 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2160 пиксели, размер од 18:9 и IPS LCD технологија, работи со поскромниот Snapdragon 450 процесор со 4 GB RAM и  солидни 64 GB вградена меморија, додека пак батеријата има капацитет од 3,000 mAh со можност за брзо полнење.

Motorola Moto 1S може да се пофали и со квалитетна главна камера со 12 мегапиксели со леќа од f/1.8 и селфи камера со сензор од 5 мегапиксели.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}