Huawei Y5 Prime (2018) пристигна со одлични адути
Објавено на 20.05.2018 во Новости
530x290_200518_132347.jpg)
Huawei ја збогати Y серијата на евтини смартфони со уште еден модел кој ќе има ниска цена, а притоа нуди доста атрактивни адути. Станува збор за Huawei Y5 Prime (2018) смартфонот кој е официјално претставен во Азија, но без голема помпа.
Y5 Prime (2018) нуди 5.45 инчен HD+ дисплеј со размер од 18:9 размер, работи со новиот четири-јадрен Snapdragon 450 процесор, има 2 GB RAM и 16 GB основна меморија, како и квалитетни камери со 13 и 5 мегапиксели на задната и предната страна.
Овој смартфон располага со Face Unlock технологија, го користи оперативниот систем Android 8.1 Oreo, а има батерија со капацитет од 3000 mAh. Наскоро ќе се знаат и повеќе детали за цената и продажбата на Huawei Y5 Prime (2018).
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.